Главниот тип на оруднување е во форма на рудни жици, ретко импрегнирани зони и штокверни тела кој во должина се протегаат од неколку стотини метри до 6 км,а во длабочина повеќе од 500 м и со дебелина од 0.2 -5 м.
Рудникот со Пробиштип е поврзан со поткоп во должина од околу 4 км. Низ кој се врши транспорт на рудата до флотациската постројка.
Годишниот капацитет за преработка на руда е 150000 - 180000 тони влажна руда и вкупното производство на оловен и цинков концентрат изнесува 12000 - 13000 т.
Добиената руда преку главниот транспортен поткпоп се складира во бункерите за крупна руда со капаците 720 вмт и ГГК450мм од каде со помош на звездас додвач и ГТЛ се транспортира до примарната чељусна дробилка СМ16 –Д со оптимален капацитет од 60 вмт/чи ГГК 120мм од каде здробената руда со помош на ГТЛ се транспортира до вибрационо сито по што рудата преку ГТЛ се одвезува до претоварна рампа и со уште 2 ГТЛ се распоредува во бункери за складирање на уситнета руда 4х500 вмт.
Визуелен опис на опрема и операции во погонот дробење
Во погонот флотација примарна операција е мелење на здробената руда и формирање на флотациска пулпа која се формира најнапред во мелницата со шипки по што се врши класирање во класификатор и циклонска батерија, и се врши доуситнување на песочните зрна во мелница со кугли по што целокупната пула се одведува во агитатор од каде се отпочува процесот на флотација , најнапред оловна а потоа и цинкова флотација и на крај како финален процес е одводнување или филтража на концентрати.
Визуелен опис на опрема и операции во погонот флотација
Copyright © 2025 Bulmak2016 - All Rights Reserved.
We use cookies to analyze website traffic and optimize your website experience. By accepting our use of cookies, your data will be aggregated with all other user data.