БУЛМАК 2016 ДООЕЛ Пробиштип е дел од Минстрој Холдингот кој е концесионер на рудните наоѓалишта „Злетово“ и „Тораница“.
Во 2016 година, во пресрет на големиот верски празник 28-ми АВГУСТ, на кој воедно се одбележува и Денот на Рударите, со активна работа започна “Булмак 2016“. Во овие изминати години, компанијата непрекинато врши ископ и експлоатација на руда од двата рудника – “Злетово“ – Пробиштип и “Тораница“ – Крива Паланка.
Иако соочени со низа предизвици, особено во периодот на глобална пандемија, “Булмак 2016“ успешно работи и инвестира во развој, за што потврда е континуираниот раст на производството. Во оваа насока, од големо значење за Компанијата е соработката и поддршката која ја има од надлежните Министерства и Институции, од локалната самоуправа во Пробиштип и Крива Паланка и секако, од Владата на Република Македонија.
Најголемите резултати и успеси кои една компанија може да ги постигне се само плод на посветеноста на нејзиниот кадар. Силата и вербата на нашите Рудари се основен двигател кон деловните успеси. Успехот кој го постигнуваме претставува резултат на личниот ангажман на секој еден поединец – дел од ‘Булмак 2016’, за што сме благодарни. Веруваме дека со ваква посветеност и работа, заедно можеме да оствариме уште поголеми успеси – и на ниво на Компанија, но и да придонесеме кон развојот на оваа индустриска гранка во нашата држава.
Исто така грижата за вработените и овозможување на што подобра заштита на нивното здравје е од примарен фокус во компанијата. Од почетокот на пандемијата, сѐ до денес, исклучително мал број на вработени биле опфатени со вирусот – показател за почитувањето на сите препораки и протоколи за заштита на јавното здравје во работното опкружување.
Ние сме горди со своите 800 вработени лица кои секојдневно, безрезервно ја искажуваат својата лојалност, мотивација и поддршка кон деловниот раст и развој на компанијата.
Copyright © 2025 Bulmak2016 - All Rights Reserved.
We use cookies to analyze website traffic and optimize your website experience. By accepting our use of cookies, your data will be aggregated with all other user data.