
БулМак свечено го одбележа 28 Август – Денот на рударите, заедно со десетгодишниот јубилеј од повторното отворање и обновувањето на производството во рудниците „Тораница“ и „Злетово“.
Настанот, кој се одржа на Градскиот стадион во Крива Паланка, ги обедини рударите и тимовите од „Тораница“ и „Злетово“. На свеченоста присуствуваа сопственикот Николај Валканов, раководството предводено од Георги Валканов, директорот Владимир Темелковски, градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, раководителот на рудникот „Тораница“, Денис Ѓоргиевски, како и претставници на државните институции, локалната самоуправа, деловни партнери и соработници. .

Свеченоста беше посветена на рударите и на сите тимови кои со своето знаење, искуство, храброст и одговорност го овозможуваат непреченото функционирање на двата рудника. Беше оддадено признание на луѓето кои работат во јамите, флотациите, геологијата, одржувањето, лабораториите, транспортот, безбедноста, администрацијата и останатите служби вклучени во производствениот процес.

. Во рамките на програмата, на 164 вработени им беа доделени јубилејни статуетки и награди за нивната долгогодишна работа, лојалност и придонес во обновувањето и развојот на „Тораница“ и „Злетово“. Признанија добија и најдобрите рудари, кои со својата професионалност, дисциплина и одговорен однос претставуваат пример за своите колеги.

Пред повторното отворање, двата рудника се соочуваа со прекинат производствен процес, запоставени објекти, застарена механизација и неизвесност за иднината на работните места. Со вложување капитал, знаење и организација, производството беше обновено, стручните кадри беа зачувани, а рудниците повторно станаа значајни економски и општествени столбови на Крива Паланка и Пробиштип.

Денес БулМак обезбедува работа за околу 700 лица. Во последните десет години, 45 милиони евра се инвестирани во современа механизација и опрема, со цел унапредување на производството, зголемување на ефикасноста и подобрување на условите за работа. Дополнителни 15 милиони евра се вложени во заштита на животната средина, преку проекти и мерки насочени кон одговорно управување со природните ресурси и намалување на влијанието од производствените процеси.

Значајни резултати се остварени и во производството. Во изминатиот период, „Тораница“ произведе и преработи повеќе од 2,6 милиони тони руда, од кои се добиени над 144.000 тони оловен и цинков концентрат. Зад овие бројки стои заедничката работа на рударите, инженерите, геолозите, механичарите, електричарите, преработувачите и останатите стручни тимови.

Една од главните пораки на свеченоста беше дека производствениот резултат има вистинска вредност само кога е постигнат со безбедна работа и со грижа за здравјето на луѓето. Проверената опрема, јасните процедури, целосната лична заштита и добрата комуникација се основа на секоја успешно завршена смена.
Традиционалниот рударски поздрав „Среќно“ ја изразува меѓусебната грижа и обврската секој рудар да внимава на сопствената безбедност и на човекот кој работи покрај него.

Во наредниот период, компанијата ќе продолжи со технолошко унапредување, стручни обуки и подобрување на работната средина. Посебно внимание ќе биде насочено кон пренесувањето на знаењето и искуството од поискусните рудари на новите генерации.
Работењето на „Тораница“ и „Злетово“ има значајно влијание и врз развојот на локалните заедници. БулМак годишно плаќа околу 1,5 милиони евра концесиски надоместоци кон државата и општините Крива Паланка и Пробиштип, обезбедувајќи директен финансиски придонес за реализација на локални проекти и подобрување на јавните услуги.

Компанијата поддржува и проекти од областа на културата, спортот, здравството, образованието и локалната инфраструктура, со што придонесува за подобрување на условите за живот во средините во кои работи.
По повод нивниот празник, БулМак на сите рудари им посакува добро здравје, безбедна работа и спокојно враќање дома по секоја смена.
Честит Ден на рударите! Среќно!

Спортското планинарско друштво “ПРОБИШТИП” по повод 28-ми Август – Денот на рударите, верскиот празник Успение на Пресвета Богородица и празникот на градот Пробиштип на 31 август 2024 година (сабота) и во сеќавање на својот починат член, планинар и другар Слободанче Монев – Данче организираше: Планинарска акција ,,РУДАРСКА ПАТЕКА” – под покровителство на концесионерот на рудниците Компанијата БУЛМАК 2016 ДООЕЛ.

„Рударска патека“ или „Патеката на рударите“ е патека посветена на трнливиот пат на првите рудари кои работеле во рудникот „Добрево“.
Патеката е со должина од 25 km и спаѓа во категоријата средно тешки патеки, за која е потребно време околу 9 часови. Стартот беше во с.Мождивњак (Крива Паланка) и турата се заврши во Добрево во кругот на рудникот.

Во рудникот Добрево покровителот БУЛМАК обезбеди ручек за учесниците (традиционално планинарско гравче) а организаторот додели благодарници за учесниците.
За изработка на овој документарен филм се користени снимки од стари карти и мапи, архивски снимки од стари документарни филмови од Youtube, стари книги и весници и нови снимки од Пробиштип и Злетово.
Генерален покровител инж. Илија Горанов Илиев
27.08.2017 - 80 години постоење на рудник Злетово
28.08.2016 - Свечено отварање на рудникот за олово и цинк во Пробиштип
Copyright © 2026 Bulmak2016 - All Rights Reserved.
We use cookies to analyze website traffic and optimize your website experience. By accepting our use of cookies, your data will be aggregated with all other user data.