А-интегрирана еколошка дозвола за рудник Злетово со број 11-2240/4 издадена во 2018 година, со важност до Јули 2025 година
А-интегрирана еколошка дозвола за рудник Тораница со број УП1-11/3-762/2016, добиена во јуни 2019 година, со важност до јуни, 2026 година
Во согласност со овие два документи, кои претставуваат највисоко ниво на документ со кој е регулирана работата на рудниците во смисла на заштита на животната средина во која делуваат, компанијата “Булмак 2016“ врши редовни технички прегледи и одржување на сите технолошки системи, како и врши редовни мерења на квалитетот на водата и воздухот и степенот на бучава во делокругот на рудниците.
Мерењата на квалитетот на почва и подземни води се вршат на секои седум години, на најмалку по три мерни места за почва и подземна вода во близина на хидројаловиштата. Се изработува хидрогеолошки елаборат од страна на лиценцирана фирма за изработка на таков вид документацијасо анализа на примероците во акредитирана лабораторија. Хидрогеолошки елаборат се изработуава за двата рудника, односно за локации во близина на хидројаловиштата.
Согласно законските обврски и пропишаните норми во рамки на А-интегрираната еколошка дозвола, “Булмак 2016“ со достава на редовен месечен извештај уредно го известува Министерството за Животна Средина и Просторно Планирање и Државниот Инспекторат за Животна Средина за спроведените мерења и добиените резултати.
Друштво за производство и трговија БУЛМАК 2016 ДООЕЛ Пробиштип, рудник Злетово, претставува инсталација за производство на оловен и цинков концентрат од руда, согласно категоријата на индустриски активности кои се предмет на барањето за добивање А-дозвола за усогласување со оперативен план согласно Уредбата за определување активностите на инсталациите за кои се издава интегрирана еколошка дозвола.
Владата на Република Македонија на 06.04.2016год. ја додели постојната концесија на БУЛМАК 2016 ДООЕЛ – Пробиштип. На 19.05.2016 сопственоста на инсталацијата Рудник Злетово ја превзема Друштво за производство и трговија БУЛМАК 2016 ДООЕЛ Пробиштип.
Флотациската јаловина од погонот за флотирање се транспортира со комбиниран хидротранспорт, гравитациски (систем на бетонски каналетки) и со помош на пумпи (затворен систем) на хидројаловиштето Скрдово.
За евакуација на водите од флотациското јаловиште се користат следните објекти кои функционираат како една целина: дренажен систем, преливен колектор и пумпна станица.
Одлагањето на флотациската јаловина, најчесто се врши со хидроциклони кои се поставуваат по круната на браната, при што се добиваат два производа: песок-крупни флотациски фракции и прелив-ситни флотациски фракции.
Со производот песок, се гради низводната брана, а производот прелив од хидроциклонот се испушта директно во таложно езеро.
Мерењата на квалитетот на вода во рудник Злетово се вршат по однапред дефинирана динамика, согласно план за мониторинг, еднаш месечно на една мерна точка, односно на: излез на води од колектор и дренажни води на хидројаловиште Скрдово Координати на мерно место: N- 41◦ 58′ 1.3398″ и E- 22◦ 10′ 42.4812″. За оваа цел, мостри од вода се анализираат од акредитирана лабораторија Еуромакконтрол-Скопје со која Булмак има договор до крајот на 2025 година која ги изготвува сите потребни анализи согласно А-интегрираната дозвола.
Мерни места за мерење на бучава, рудник Злетово
На ден 06.04.2016 година Друштвото за производство и трговија „БУЛМАК 2016“ ДООЕЛ Пробиштип, Подружница Рудник Тораница, Крива Паланка и Владата на Република Македонија застапувана од Министерството за економија, склучија договор за доделување на концесија за експлоатација на минерална суровина-руди на олово и цинк на локалитетот „Тораница“, општина Крива Паланка.
Во „Рудник Тораница“, Крива Паланка се врши подземна експлоатација на минерална суровина, олово-цинкова руда, и производство на олово цинков концентрат, со вкупна површина од 410 хектари. Инсталацијата ја сочинуваат објекти и земјиште на три локации: рудник, флотација и хидројаловиште, каде се изведуваат рудничките и производните активности.
На локацијата рудник се врши подземна експлоатација на олово-цинкова руда, која преку подземен транспорт се носи на локацијата флотација.
На локацијата флотација се наоѓаат погони за преработка на рудата, односно погони за дробење, мелење и флотирање на рудата и производство на олово цинков концентрат.
Произведениот концентрат, се складира во складишта за концентрати и со транспортни возила се испорачува до крајните корисници. Произведената јаловина , која претставува нус продукт при флотирање на рудата заедно со останатите технички отпадни води од погонот за флотација, со помош на пулповод се носи до локацијата хидројаловиште каде се врши депонирање на јаловината. Хидројаловиштето се наоѓа на оддалеченост од околу 4 km, од локацијата за флотација.
Во рудник Тораница мониторингот на квалитет на отпадни води кои се испуштаат во рецепиент се врши согласно план за мониторинг на две мерни места. Едно мерно место на излез од таложници за преливни води од колектор и дренажни води.
И второ мерно место на излез од пречистителна станица за фекални отпадни води. Динамиката на земање примероци е еднаш месечно од истата акредитирана лабораторија. Координати на мерни места:
- Излез од таложник, Y- 7 624 370, X- 4 619 911.50
- Фекални отпадни води, Y- 7 622 016.148, X- 4 671 938.223
Мерењето на степенот на бучава се врши од страна на акредитирана лабораторија, Еуромакконтрол еднаш годишно во инсталациите на двата рудника
Copyright © 2025 Bulmak2016 - All Rights Reserved.
We use cookies to analyze website traffic and optimize your website experience. By accepting our use of cookies, your data will be aggregated with all other user data.